Просечната плата во Чешка 1.004 евра, но не ја земаат ниту половина од вработените

Од:

Просечната плата во Чешка, минатата година се зголемила за 661 круна (26 евра) и изнесувала 1.004 евра, соопшти државниот Заводот за статистика (ЧСУ).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според статистичарите и покрај годишното зголемување на личните доходи од 2,7 проценти, просечната плата на крајот од месецот не ја добиваат ниту половина од вработените.

Ова се должи на развојот на инфлацијата, односно стапката на порастот на потрошувачките цени, која изнесува 3,3 проценти што значи цените на производите растат побрзо од платата на работниците.

А висината на просечната заработка, фактички е зголемена и поради наградите кои на крајот на годината ги добиваат водечките менаџери.

Најголеми додатоци, добиле вработените во банкарскиот и осигурителниот сектор каде платите пораснале за 24,1 процент.

– Втор најголем скок на крајот на годината владееше во енергетскиот сектор, стопанисувањето со гас, топлинската пареа и климатизацијата, анализира претставникот на ЧСУ, Далибор Холи.

Во четвртиот квартал, просечната бруто месечна плата изнесувала 1.087 евра, што е за 3,7 проценти зголемување во однос на истиот период во 2011 година. Бидејќи цените на производите, во истиот период пораснале за 2,8 проценти, реално платите се зголемени за само 0,9 проценти.

Личните доходи во здравството и социјалната заштита, како и во образованието и јавната администрација не растеле во таков обем. Во овие сектори, просечната плата кај мажите била 983 евра, додека жените во просек земале 800 евра месечна плата.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски