Прометот во индустријата намален на месечно, зголемен на годишно ниво

Од:

Прометот во индустријата, вкупно, во јуни во однос на мај годинава се намалил за 7,5 отсто, а споредено со јуни лани за 4,7 отсто, додека во првата половина од годинава во однос на истиот пероид од минатата година се зголемил за 9,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е намален кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 5,3 проценти, Капитални производи за пет проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2019 година, во однос на јуни лани е намален за 3,2 отсто, во однос на мај годинава за 5,9 отст, а во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани бележи раст од 0,3 отсто.

На странските пазари прометот во индустријата во јуни година, во однос на јуни лани е намален за 5,3 отсто, споредено со мај годинава за 8,8 отсто, додека во периодот јануари јуни годинава во однос на истиот период лани раст од 12,6 отсто

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана