Профитот на ЧЕЗ намален за 1,5 проценти

Од:

Чешката електроенергетска компанија ЧЕЗ соопшти дека нејзиниот нето профит за минатата година бележи намалување за 1,5 проценти и изнесува 1,7 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Прага.

– Очекуваниот пад на добивката се рефлектира од негативните случувања на европските пазари на енергија, значителниот пад на цените на електричната енергија, намалената распределба на дозволи за производство и падот на производството во Чешка, се вели во информацијата која ја испрати ЧЕЗ.

Резултатите, годинава се одраз на случувањата во Албанија, каде на фирмата во јануари годинава и беше одземена лиценцата за работа.

Според портпаролот на ЧЕЗ, Ладислав Криж, веќе е иницирана меѓународна арбитража поради оштетување на инвестициите.

– Сите големи енергетски фирми во Европа напорно се борат со нестабилната средина, со силниот пад на цената на електричната енергија во трговијата на големо и со тешко предвидливата иднина. Тоа, резултира со продажба на имотот и значително намалување на бројот на вработени, смета претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на ЧЕЗ Даниел Бенеш.

Чешката енергетска компанија минатата година инвестирала 2,1 милијарди евра во имот и за развој и модернизација на класичните електрани, како и за зголемување на ефикасноста и безбедноста на нуклеарните централи.

ЧЕЗ е најголема чешка енергетска компанија чиј мнозински сопственик е државата, која поседува 70 проценти од акциите.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски