Продолжува расправата по ребалансот на Буџетот

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата по ребалансот на Буџетот за оваа година, со кој се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Министерството за образование и наука.

Според предлогот,  во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се додаваат 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни и 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории.

Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.

Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализација.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески образложувајќи го предложениот ребаланс на Буџетот за 2013 година, вчера, на првиот ден од расправата рече дека од почетокот на годината до крајот на септември реализирани се приходи во Буџетот од 103.018 милиони денари, а на расходната страна 118.861 милиони денари. Обезбедена е редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци, зголемени капитални инвестиции, зголемени субвенции…Дефицитот е 3,2 проценти од БДП или 15.843 милиони денари.

Во рамки на расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2013 година, пратениците од СДСМ најавија дека нема да гласаат по предлогот и оти немаат поднесено амандмани на текстот.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски