Продолжува исплатата на субвенциите за земјделците

Од:

Земјоделците очекуваат доисплатата на субвенциите да почне во наредните два до три дена. Од Платежната агенција добиле информација дека, како што велат, налозите веќе се потпишуваат и се префрлаат во Министерството за финансии.

– Не е исклучено дел од средствата да легнат на сметките уште денеска. Информирани сме дека пари има и дека процесот на исплата е почнат, изјави претседателот на Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) Никола Стаменов.

Според него, приоритет треба да се даде на заостанатите средства од 2015 година и паралелно да се исплаќа поддршката за 2016.

– Земјоделците веќе не може да чекаат, парите им се повеќе од потребни за подготовка на претстојното производство. Поради политичката криза работите тргнаа во непосакуван правец, но сепак сите заедно успеавме да издејствуваме да се откочи процесот и исплатата на субвенциите да почне, нагласи Стаменов и изрази уверување дека до 30 јуни 2017 исплатата на земјоделските субвенции ќе биде целосно реализирана.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници