Продолжи протестот на рударите од „Саса“

Од:

Продолжува протестот на рударите од рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица. Над 300 рудари се во селото Долно Саса каде што стојат на локалниот пат, ги пропуштаaт возилата на месните жители и училишните автобуси, но не и автобусите и камионите на рудникот „Саса“.

Претседателот на локалниот огранок на МЕСО во Македонска Каменица Сашо Јованов вели дека синоќа ги посетиле претставници од ССМ и раководството на МЕСО, но не е постигнат договор за преговори со раководството на рудникот „Саса“.

– Не прифативме да се формира неформална група без претседателот на локалниот огранок Сашо Јованов, тоа сум јас, забранет ми е засега пристапот до рудникот „Саса“ и сметаме дека раководството треба да почне да преговара со нас како локален огранок, вели Јованов.

Додава дека ќе останат да протестираат се додека не почнат преговорите и не им се исполнат барањата за зголемување на платата на рударите и подобри безбедносни услови во рудникот.

Тој бара помош и од ресорните министерства и од Владата да се вклучат во решавањето на проблемите со рударите во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица. Тврди дека во моментов во рудникот не се врши ископ на руда од јамите, а во рудникот работат само оние работници кои се на одржување на рудникот.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

Ана Ололовска

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице и спроведување мерки по истекот на јаловиштето

Ана Ололовска

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

Рударот од „Саса“ со лесни повреди, тврди компанијата

Наум Локоски