Министерството за финансии го продолжи рокот за субвенција за станбен кредит преку преку проектот „Купи куќа, купи стан“ до 31 мај 2013 година.
– Следната година Министерството за финансии ќе објави четири јавни повици, така што граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот веќе од почетокот на јануари заклучно со 31 мај 2013 година. Тие ќе можат да аплицираат за еден двата модели – модел „Половина рата“, или модел „Половина учество“, се вели во денешното соопштение од Министерството за финансии.
За моделот „Половина рата“ Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99 проценти за првите три години и 5,5 проценти за четвртата и за петтата година од отплатата.
За вториот модел „Половина учество“, пак Владата ќе плати 50 проценти од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.
Изминатата година Владата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ субвенционираше станбени кредит во висина од 3,5 милиони евра.
Првично рокот за аплицирање са станбен кредит преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ беше до 31 декември.