Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Од:

Цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година се зголемиле за седум проценти во однос на истиот период од претходната година, а за еден процент споредено со третиот квартал, покажува индексот на цени на станови на Народната банка.

Најновите податоци за цените на становите се продолжение на намалувањето на растот што се бележи од почетокот на минатата година.

Во првиот квартал лани цените на становите бележат раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво. Во второто тримесечје од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9 отсто, а на квартално 1,6 отсто. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11 проценти, а во однос на претходниот квартал 2,9 проценти.

Претходната 2022 година, пак имаше нагорен тренд, во првиот квартал становите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територија на Скопје, врз основа на податоци коишто се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите кои се занимаваат со прометот со недвижности.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика за издадени одобренија за градење за октомври 2023, во Скопскиот регион е предвидена изградба на 323 нови станови, од кои 194 во Општина Гази Баба, 53 во Центар, 51 во Петровец… Во 2023 година во јануари била предвидена изградба на 183 станови, во февруари 892, во март 97, во април 89, во мај 76, во јуни 217, во јули 73, во август 527, а во септември 216 станови.

Би можело да ве интересира

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Орце Костов

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

Орце Костов

Зголемени цени на становите, поголема побарувачка за станбени кредити и повеќе издадени одобренија за градба – извештај на Народната банка

Катерина Ѓуровски

Градете ја својата иднина на најатрактивната локација во Скопје – изберете дом во „Гранд Ривер“

Ана Ололовска