Продажбата на мало во еврозоната падна за 11,7 проценти во април

Од:

Прометот на малопродажбата во еврозоната бележи значителен пад во април, при што опадна куповната моќ речиси на сите производи, вклучително и храна и пијалоци, бидејќи ограничувањата за движење поради коронавирусот беа во сила во текот на целиот месец.

Продажбата во 19-члениот монетарен блок опадна за 11,7 проценти во април во однос на претходниот месец и за 19,6 проценти на годишно ниво, објави денеска агенцијата за статистика на Европската унија – Евростат.

Ова е најголемата стапка на опаѓање на месечно ниво во серијата статистички податоци на Евростат кои датираат од 1999 година и го надмина претходниот рекорд од март, кога продажбата на мало падна на 11,1 процент.

Исто така, ова е најлош индикатор на годишно ниво, бидејќи пред март таа стапка не била негативна уште од крајот на 2013 година.

Единствена позитивна работа е големиот скок на поштенските нарачки и набавките преку Интернет, кои во април, во однос на март, се зголемија за 10,9 проценти.

Така, продажбата на храна, пијалоци и цигари, како и лекови и медицински производи се намали.

Најголем месечен пад на продажбата на мало во април кај членките на еврозоната беше забележан во Малта и Ирска, а на годишно ниво во Франција и Шпанија. Кипар, Грција и Италија не дадоа податоци за продажбата на мало за април.

Финска беше единствената земја каде малопродажбата е поголема за 0,3 проценти во април отколку претходниот месец.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он