Продаден е дел од имотот на „Фени“, ќе има авансна распределба на парите

Од:

Продаден е дел од имотот на поранешно „Фени” во стечај, ќе следи авансна распределба на паричните средства од стечајната маса. Ова го потврди денеска Лилјана Ситникоска, портпарол на Основен суд Кавадарци.

– По изјавените жалби на решението СТ.бр. 27/23 од први ноември 2024 година, со кои беа одбиени предлозите од страна на стечајниот судија, да се укинат одлуките на Собранието на доверители одржано на ден 21 октомври 2024 година во отворената стечајна постапка над должникот Трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО село Возарци, со кои беа усвоени понудите на понудувачот Друштво за производство на метали ГОЛДЕН ИГЛ НИКЕЛ ДООЕЛ село Возарци Кавадарци за продажба на имот на стечајниот должник влезен во стечајна маса, на – пакетите предмет на продажба и тоа пакет бр.1, 2, 4, 5, 6 и 7, поради ниската понудена цена, Апелациониот суд Скопје донел решение ТСЖ бр. 1217/24 од 14 ноември 2024 година, со кое жалбите се одбиени како неосновани, решението на стечајниот судија е потврдено, појасни судијката Ситникоска.

Врз основа на ова, биле донесени решенија за реализација на продажбата за имотот опфатен од поединечните пакети, купувачите ја уплатиле купопродажната цена на сметка на стечајниот должник.

Од страна на Собрание на доверители, на шести декември 2024 година биле донесени одлуки со кои биле прифатени понудите за дел од имотот, предмет на продажба, што се продавал поединечно. Тие одлуки биле реализирани. Купувачите во рокот определен со поединечните решенија од стечајниот судија, ја уплатиле купопроджната цена на сметка на стечајниот должник.

Портпаролката на судот подвлече дека со оглед на ваквата состојба, ќе следела авансна распределба на паричните средства од стечајната маса. За тоа, стечајниот управник требало да изготви план за авансна распределба. Тој план требало да го одобри стечајниот судија. По одобрувањето, во рок од осум дена, паричните средства ќе биле исплатени на доверителите.

Ситникоска истакна дека согласно член 117 од Законот за стечај, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓале нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци, за периодот од последните три месеци, пред отворањето на стечајната постапка.

На два пати досега, транспортери кои своевремено возеа руда за комбинатот, протестираа барајќи над два милиона евра за транспортот и изразувајќи незадоволство што, како што рекоа, имот проценет за над десет милиони евра, се огласил за продажба за околу 2.3 милиона евра.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на над два милиона евра

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on