Процесот Телеком продолжува на 17. април

Од:

Судењето на тројцата поранешни менаџери на унгарскиот Маѓар Телеком, обвинети за потплатување на политичари во Македонија и во Црна Гора, ќе продолжи на 17. април, кога одбраната ќе поднесе образложение на својата жалба поради одлуката дека судот во Њујорк е надлежен во овој спор.

Обвинетите менаџери Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи преку своите правни застапници се обидоа да ја оспорат надлежноста на Јужниот окружен суд во Њујорк да постапува по обвиненијата против нив. Во февруари судијата Ричард Саливен во целост ги отфрли барањата на тројцата менаџери, по што одбраната најави жалба на оваа одлука.

На рочиштето одржано на 3. април во Њујорк, судијата Саливен најави дека одбраната треба своето образложение на жалбата да го достави на 17. април, по што на почетокот на мај Комисијата за хартии од вредност на САД, која ги тужи тројцата менаџери, треба да ги даде своите контра-аргументи. Комисијата за хартии од вредност ги тужи Штрауб, Балог и Морваи дека во 2005 година дале мито на политичари од Владата на Македонија со цел да се спречи воведувањето на конкуренција на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Тројцата се обвинети и дека ги потплатувале црногорските власти за германскиот Дојче Телеком и Маѓар Телеком да го купат црногорскиот Телеком. Одбраната го спореше правото на американските власти да тужат странска компанија, додека според Комисијата за хартии од вредност, со коруптивните постапки биле оштетени и американските акционери на унгарскиот Телеком. Меѓу аргументите на одбраната кои судот не ги уважи беа и дека тројцата менаџери се соочени со големи трошоци и потешкотии во учество во судски спор во САД, далеку од нивните матични држави.

Во меѓувреме, судот го уважи и повлекувањето на адвокатот Саул Пилчен од престижната адвокатска канцеларија Скаден Арпс од одбранбениот тим на првообвинетиот Елек Штрауб. Штрауб имаше тим од пет бранители од Вашингтон и Њујорк, од Скаден Арпс и еднакво елитната адвокатска канцеларија Хоган Ловелс.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

Орце Костов

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

Орце Костов

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он