Презентација на предностите за инвестирање во Македонија пред индиските бизнисмени

Од:

Владината делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ги презентираат потенцијалите и предностите за инвестирање во Македонија пред индиските бизнисмени во градот Ченаи.

Ченаи е еден од економски најбрзо растечките градови во светот и единствен индиски град кој е рангиран на Форбс листата „Топ 10 најбрзо растечки градови во светот”. Во овој индиски град со популација од 4,7 милиони жители водат бизнис 24 индиски компании кои вредат над милијарда долари. Тој е познат како град на автомобилската индустрија со фабрики на Хјундаи, Рено, Нисан, Форд, БМВ, Митсубиши. Исто така, развиена е информатичката индустрија.

Презентацијата се организира во соработка со најголемата стопанска комора во Индија ЦИИ – Конфедерација на индиските индустрии.

Ова е петта дестинација на владината делегација за презентација на инвестициските можности во Индија. Инвестициските потенцијали на Македонија беа презентирани и пред бизнис заедниците во Њу Делхи, Бангалор, Тривандрум и Хидерабат.

Во состав на делегацијата се и министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски