Премиерот Груевски ги презентира бизнис поволностите на Македонија во Чикаго

Од:

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски вчера присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Чикаго, на кој беа презентирани поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори.

Бизнис форумот се одржа со поддршка на американската компанија „Денстон“ и на него учествуваа триесетина претставници на американски компании од областа на автомобилската индустрија, медицината, енергетиката, инфраструктурата и бизнисот со недвижности.

Премиерот Груевски во своето обраќање пред американските бизнисмени се осврна на поволностите за инвестиции кои ги овозможува нашата земја, а кои се огледаат во услужно ориентираната Влада, во пристапот до пазар од повеќе стотици милиони потрошувачи низ Европа за производите на странските компании кои функционираат во Македонија, на ниските трошоци и едуцираната работна сила.

– Од една страна, Македонија е земја која нуди најниски трошоци за водење бизнис во Европа, од друга, поседува млади и добро едуцирани луѓе подготвени да работат и придонесат за странските компании. Кога велам најниски трошоци за водење бизнис мислам на сите трошоци, особено на даноците. Персоналниот данок на доход е само 10 проценти, а данокот на добивка е исто така 10 проценти, и тоа само за компаниите кои ќе ја распределат добивката како дивиденда. Оние кои нема да ја распределат не плаќаат данок неограничен број години и за неограничени износ, рече премиерот Груевски во обраќањето.

На бизнис форумот се обрати и познатиот американски бизнисмен со македонско потекло Мајк Зафировски кој е еминентен член на американската бизнис заедница и претседател на одборите на директори на повеќе американски компании. Тој ги охрабри бизнис лидерите од Чикаго да ја вметнат Македонија во своите размислувања и анализи за проширување на бизнисите во Европа, давајќи силна гаранција околу условите за водење бизнис во нашата земја.

– Прво прашање кое бизнисмените го поставуваат е каква е политичката стабилност и дали Владата дава поддршка на бизнисот, кои прашања може да ги поставите до Владата, дали може да очекувате соработка и што може да очекувате од неа? Од мое лично искуство во последните седум, осум години можам да ви кажам дека Владата има многу голема про бизнис ориентација, многу од старите ограничувачки регулативи се отфрлени, има фискална и регулаторна стабилност и сите макроекономски индикатори, како инфлацијата и дефицитот, се позитивни, истакна Мајк Зафировски пред бизнисмените.

stavreski-invest

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески се осврна на конкретните полиња на интерес во економијата во кои американските бизнисмени можат да инвестираат. Тој го истакна напредокот на Република Македонија и на меѓународните листи кои ја оценуваат бизнис климата во земјите.

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак ги истакна позитивните ефекти од можностите за ангажирање едуцирани работници кои придонесуваат во продуктивноста и профитабилноста на инвеститорите.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида ги акцентираше можностите кои се нудат во технолошко индустриските развојни зони и услужната ориентираност на Агенцијата кон потенцијалните инвеститори.

Американските бизнисмени изразија позитивни оценки за македонските поволности и можностите за инвестиции кои ги нуди нашата земја.

– Ваквите настани се исклучително потребни за фирми како нашите. Јас сум во бизнисот со еквити фондови и на овој начин можеме да ги увидиме и разбереме условите во Македонија. Позитивно е што една земја носи министри за да се сретнат со бизнис лидерите во Чикаго и да разговараат и да се соочат со нив. Нема земја во Југоисточна Европа која прави толку многу за да го обезбеди економскиот развој и да покаже транспарентност за да се промовира како место во кое што сака западните компании да инвестираат, истакна бизнисменот од Чикаго Ендру Магличели од компанијата „Марун капитал груп“.

Владината делегација денеска ќе присуствува на бизнис форум во Бостон.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски