Преку заеднички производ, банка и логистика до зголемена размена со Србија

Од:

Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска е во работна посета на Стопанската комора на Србија каде што реализира средба со нејзиното раководство предводено од претседателот Милош Бугарин.

На средбата ќе стане збор за актуелната состојба во надворешно-трговската размена меѓу двете земји со оглед на фактот дека Србија е трет најважен трговски партнер на нашата земја.

– Двете држави треба да работат на продлабочување на економската соработка и во рамките на тоа, на намалување на трговскиот дефицит што го имаме. За тоа извонредна можност е ЦЕФТА договорот. Ни треба регионален производ, банка, логистика. Но, за да се направи сето тоа, потребна е подобра инфраструктура. Развојот и порастот на БДП во двете земји мора да се одвива покрај Коридорот 10, кој забрзано се привршува во двете земји, рече Азески.

Според него, шансите за пораст во размената треба да се бараат во аграрот, прехраната, хемиската индустрија, сообраќајот и туризмот.

Надворешно-трговската размена меѓу Србија и Македонија се одвива согласно Договорот ЦЕФТА, во 2012 година достигна вредност од 777,1 милион американски долари и учествува со 7,4 отсто во вкупната трговска размена на земјава. Евидентирано е негативно трговско салдо од 186,5 милиони долари. Покриеноста на увозот со извозот изнесува 61,2 отсто.

Компаративните податоци на билатералната размена со Србија укажуваат на пад на вкупната размена од 6,6 проценти, извозот за 11,4, а увозот за 3,2 отсто. Трговскиот биланс во последните години е осцилаторен, Македонија има остварено суфицит во размената од 2004 до 2008 година, додека дефицит се бележи во последните две години.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност