На берза денеска во блок трансакција се истргувани 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопјепо цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари, соопшти денеска Комерцијална банка.
– Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076 отсто учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, наведуваат во соопштението.
Купувачи на продадените акции се Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ-Трејд Илија ДОО и Индустри Сервис ДОО Скопје
Секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од пет отсто акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.