Нови дигитални услуги и производи на PPC во 2026 година
• Нови персонализирани дигитални апликации за Грција и Романија, со единствена слика за домаќинството и подобрено корисничко искуство
• AI Personal Assistant (Личен асистент со вештачка интелигенција), новиот дигитален асистент на PPC за насочени информации и лесно решавање на проблеми
• Нов модел на деловни услуги преку дигиталната B2B платформа на Котцоволос
• PPC Fiber: збогатено со гласовна услуга
• Дигитално решение за управување со станбени згради, со финансиско управување, известувања, техничка поддршка и „building coach“

Со фокус на човекот (луѓето) и заедничка визија за создавање унифицирано, беспрекорно искуство за секој клиент, PPC влегува во нова ера на дигитална трансформација и интегрирани услуги. Оваа насока беше изразена и во најавите на 8-та Конференција за маркетинг на групацијата PPC, потврдувајќи ја логиката на „ One Vision (Една визија)“ што ги обединува маркетинг активностите и се фокусира на едноставно, брзо и навистина персонализирано искуство на услуга за сите клиенти.
Продолжувајќи ја систематската работа од последните години за надградба/ унапредување на корисничкото искуство во Грција и Романија, PPC продолжува со една од најобемните надградби/унапредувања на своите услуги, воведувајќи нови дигитални апликации, иновативни решенија за поврзување, услуги за самостојно производство на енергија и интегрирани решенија за секојдневниот живот на домаќинствата и бизнисите.
Во текот на последните три години, PPC направи низа значајни интервенции кои фундаментално го променија начинот на кој клиентите и пристапуваат. Од унапредување на локалите (пунктовите за наплата) и нов модел на телефонски услуги, до зајакнување на дигиталните канали, влез во дигитални услуги и развој на технолошки решенија.

Како што истакна заменик-извршниот директор и раководител за комерцијални активности на Групацијата, г-дин Јоргос Каракусис, за време на 8-та Комерцијална конференција: „Во последните години, поминавме низ пат на длабоки промени, градејќи чекор по чекор нов однос на доверба со нашите клиенти. Од компанија која обезбедуваше само енергија, се развиваме во интегриран снабдувач на решенија што го поедноставуваат секојдневниот живот, ја користат технологијата и им нудат вистинска вредност на нашите клиенти. Денес, како единствана комерцијална групација, работиме со заедничка визија, да им понудиме на нашите клиенти искуство кое е транспарентно, лично и со висок стандард на секоја точка на контакт. PPC се трансформира во модерна Powertech организација и продолжува да дизајнира услуги што ги задоволуваат современите потреби на нејзините клиенти, со едноставност, доследност и почит.“
Нова генерација персонализирани апликации за секоја потреба
Во 2026 година, Групацијата PPC ќе лансира нова генерација дигитални апликации кои ќе донесат побрза навигација, нова корисничка средина, единствена слика/преглед за домаќинството и персонализирана содржина. Со интегриран energy coach (енергетски тренер), паметни известувања и целосно управување со сметките, потрошувачката и бенефициите, новите апликации се стремат да станат секојдневна и корисна алатка за милиони клиенти во Грција и Романија.

AI personal assistant од PPC
Во новата година, новата верзија на chatbot – от, со технологија на вештачка интелигенција, ќе еволуира во личен асистент за секој клиент. Услугата ќе нуди персонализирани одговори на сметките и потрошувачката, решенија за сложени проблеми и упатства за заштеда на енергија, додека постепено ќе се интегрира со аватарот Фиви за целосен визуелен и функционален континуитет на сите PPC платформи.
Нов модел на деловни услуги преку дигиталната B2B платформа на Котцоволос
Новата дигитална B2B платформа на „Коцоволос“, која се очекува да биде достапна во 2026 година, сега ќе им овозможи на малите и големите бизниси да управуваат со нарачки, фактури и клиенти од едно единствено(а) место/средина. Со високо ниво на услуга за корисници и флексибилни опции за прием/ примање, како и специјализирани професионални решенија, платформата ја подобрува ефикасноста на работењето и ја подобрува контролата и транспарентноста во набавките.
PPC Fiber: збогатено со гласовна услуга
Во 2026 година, PPC ќе ја додаде и опцијата за гласовна услуга на PPC Fiber, брзи, сигурен и достапен интернет на PPC преку 100% оптички влакна. Со лесно активирање и можност да го задржите вашиот број, додавањето на гласовна услуга како дополнителна функција – add on карактеристика, ги задоволува потребите на оние што користат фиксна телефонија, збогатувајќи ги нивните опции.
PV as a Service: фотоволтаици во домот end-to-end од PPC
Во 2026 година, PPC ќе го воведе моделот „PV as a Service“ за прв пат на грчкиот пазар со поддршка на Котцоволос. Ова е фотоволтаично решение со претплата кое ќе ја елиминира потребата од високи иицијални трошоци и ќе се базира на целосна покриеност од страна на PPC, која ќе ја преземе инсталацијата, следењето и одржувањето на системот, нудејќи директна финансиска корист и подостапна форма на самостојно производство за илјадници домаќинства.
Дигитални решенија за потребите на управување со станбени згради
PPC во 2026 година ќе воведе сеопфатна услуга за управување со станбени згради, со дигитални состаноци, финансиско управување, следење на долгови, известувања, како и пристап до техничките услуги на Коцоволос. Со алатката „ building coach “, станбените згради сега ќе можат за прв пат да добијат дигитален советник кој идентификува можности за заштеда и подобрување на нивната потрошувачка на енергија.
Преку нови услуги и персонализирана технологија и енергетски производи, и со продолжување на систематското подобрување на корисничкото искуство на сите услужни точки, PPC ја потврдува својата улога како модерна Powertech групација која користи технологија, податоци и знаење за да им понуди на своите клиенти понапредни, почовечки и покорисни решенија.
