Повторно блокиран патот Градско – Прилеп кај Росоман

Од:

Блокадата на лозарите на патот Градско – Прилеп кај Росоман продолжува. Претседателот на Регионалниот сојуз на лозари Љупчо Аризанов информира дека состанокот закажан за денеска е презакажан за задутре.

– Во петок ќе седнеме на заедничка маса со претставник на „Винеа” која ни должи над 600 илјади евра и претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ќе разговараме околу динамиката на исплата на обврските кон нас од страна на винаријата чија продажба по наше барање беше стопирана, соопшти Аризанов.

Тој се надева дека лозарите од Тиквешко ќе ги добијат парите за грозјето продадено во претходните години.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Ана Ололовска