Повик за изразување интерес на млади кои сакаат да бидат дел од Гаранцијата за млади

Од:

Сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет) и не се пријавени во Агенцијата за вработување може да се вклучат во проектот „Гаранција за млади“.

Овој проект го спроведува Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје. „Гаранција за млади“ е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која почнува во 2018 година.

„Гаранцијата за млади“ им гарантира на младите дека во период од четири месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди овој проект. Во оваа пилот фаза за имплементација на програмата се вклучени општините од Град Скопје, Струмица и Гостивар. Во овие општини кои се вклучени во имплементацијата се ангажирани по двајца теренски работници кои имаат основна задача да им ја претстават „Гаранцијата за млади“ на младите лица и да им го помогнат процесот да пристапат до Агенцијата за вработување.

За општина Аеродром задолжени се теренските работници: Елисавета Булоска и Мила Карадафова, кои можат да се контактираат телефонски на 078/517-189 или 078/370-987. За дополнителни информации можат да се обратат на [email protected]

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он