По основ на прилив од работен однос, во периодот 11.03 до 31.05 во Агенцијата за вработување, со статус на невработени лица се стекнале 11904 лица, а за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување.
Според основот на престанок на работниот однос, од 11904 лица кои се стекнале со статус на невработени, 5703 лица (47,9%) се поради истек на определено време, 3082 лица (25,9%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1169 лица (9,8%) се поради отказ од работодавачот, 1112 лица (9,3%) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 104 лица (0,9%) се поради стечај – ликвидација, 76 лица (0,6%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 278 лица (2,3%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).
Според школска подготовка, од приливот на невработени лица од работен однос, 6961 (58,5%) лица се со непотполно средно и завршено средно образование, 3128 лица (26,3%) се без образование и со основно образование, а 1815 (15,2%) лица се со вишо и високо образование.
Според возраст на лицата, најголемиот број се на возраст од 30 – 49 години (5729 лица или 48,1%), на возраст до 29 години се 3276 лица (27,5%), а на возраст над 50 години се 2899 лица (24,4%).
Вкупниот број на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување во периодот март – мај 2020 година бележи зголемување за 12297 лица, стои во соопштението од Агенцијата.