Постигнат договор со винариите: 10 денари за Смедервка и 12 денари за Вранец

Од:

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Арјанит Хоџа одржа состанок со претстaвници на винарските визби.

„После дваипол часа преговори, постигнат е договор откупната цена за Смедервка да изнесува 10 денари и 12 денари за Вранец. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите. Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва. Истотака, министерот Хоџа го реафирмираше ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите. Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини“, информираат од Министерстворо за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот во договор со винариите ветил дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8