Поскапе нафтата во САД

Од:

Цените на сировата нафта денеска пораснаа, поттикнати од добрите резултати во преработувачките сектори на двете најголеми светски економии-САД и Кина.

Нафтата за ориентациска испорака во март, во електронското тргување на Њујоршката берза, поскапе за 26 центи, на 96,70 долари за барел, јавија американските медиуми.

Во Лондон европската марка „брент“, што се користи за одредување на цената на различните типови странска нафта, поскапе за два цента, на 113,50 долари за барел.

САД вчера соопштија дека побарувачката на долготрајни добра од преработувачкиот сектор во декември била значително зголемена. Покрај тоа, напредувал и секторот за недвижнини, а големите компании забележаа добри деловни резултати.

Бројни аналитичари сметаат дека бавното заздравување на американската економија ќе фати замаец до 2014 година.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата