Португалија ја зголемува минималната плата

Од:

Португалскиот премиер Антонио Коста одобри зголемување на минималната плата за шест отсто, порачувајќи, четири недели пред парламентарните избори, дека планираат нов циклус зголемувања следната година.

„Од денеска, околу 880.000 вработени ќе имаат корист од зголемувањето на месечната национална минимална плата на 705 евра“, напиша лидерот на Социјалистичката партија на Твитер.

Ова е „зголемување од 40 евра – најголемо во историјата на Португалија“, нагласи Коста.

Пресметано по час, новата минимална плата е околу 4,40 евра.

„Минималната плата се зголеми за 40 отсто откако јас ја презедов функцијата пред шест години“, вели Коста, повторувајќи дека нивната цел е да ја зголемат на 750 евра во 2023 година.

На почетокот на ноември, португалскиот претседател Марсело Ребело де Соза распиша избори за 30 јануари, откако Парламентот не го усвои предлог-буџетот на Коста за 2022 година. Редовните избори беа закажани за следната есен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

А1он

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Португалскиот шеф на дипломатијата: Не гледам причина Бугарија повторно да блокира

A1on

Лисабон нема да го поддржи планот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 проценти

Ана Ололовска