Пораст на прометот во индустријата

Од:

Прометот на индустријата во март годинава бележи пораст од 3,4 отсто во однос на март лани, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, прометот остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 4,6 отсто, на странските пазари пораст од 7,6 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи опаѓање од 1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,6 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Капитални производи за 45 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 49,1 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6 отсто.

Прометот во индустријата во март 2013 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 10,6 отсто, додека во периодот јануари-март 2013 година, во однос на периодот јануари-март 2012 година, пораст од 3,8 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска