Поранешен директор на „Сосијете Женерал“ ќе отвори банка за сиромашни

Од:

Поранешниот директор на француската банка „Сосијете Женерал“ Бурсораме Иг Ле Бре, ќе формира банка за сиромашни во соработка со сопствениците на киосци за продажба на цигари и весници.

Надзорниот орган за набљудување на активностите на банките и осигурувањето во Франција (АЦП) ја одобри новата банкарска услуга по електронски пат, во која се вложени 11 милиони евра. Со тоа кој било Французин ќе може да отвори сметка „Никел“ кај најблискиот продавач на цигари или весници.

Покрај Бре, автор на проектот и е специјалистот за нови технологии Риад Булануар.

– За отворање на сметка „Никел“ потребно се пет минути. Тоа ќе биде достапно за сите, без оглед на приходите, задолженоста или имотната состојба, без никаква дискриминација, истакнаа Бре и Булануар.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел