Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Од:

Поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите, информира денеска Управата за јавни приходи (УЈП) и посочува дека нејзини тимови активно го следат функционирањето на системот.

УЈП потсетува дека со навремено поднесување на пријавите ќе се спречат вакви ситуации.

– Постојано апелираме до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел, како што потенцираат, да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП, наведува УЈП.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е утре, 25-ти октомври 2024 година. Системите на УЈП за сите кои имаат обврска за поднесување на ДДВ – 04 пријави работеа и вчера иако беше неработен ден.

До 21 октомври, како што соопшти УЈП поднесени биле само 11.113 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што претставува само 27,12 проценти од вкупниот број.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

ЛДП повторно ја активира идејата „Викенд без ДДВ“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет