Поради дефекти во моделите ЦР-В и Сивик, Хонда со сериозни проблеми во продажбата во Кина

Од:

Продажбата на Хонда возила во Кина забележа пад во четврти последователен месец, поради критиките за квалитетот на прозиводите на јапонската компанија.

Во мај Хонда продала 99.263 возила во Кина, што претставува пад од дури 15,3 проценти. Вкупната продажба за првите пет месеци на годината, од 501.000 возила, е за 6,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.

Главен проблем во продажбата на Хонда возила во Кина се проблемите со моделот ЦР-В. Од март до крајот на мај Хонда престана да го продава популарниот кросовер модел во Кина, откако кинеските власти побараа да бидат отстранети дефекти во 350.000 возила. Регулаторниот спор меѓу Кина и Хонда се закануваше да се прошири и на моделот Сивик. Хонда вели дека дефектот е отстранет и не постои потреба од натамошни тензии со кинеските власти, но продажбата се уште е на исклучително ниско ниво.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски