ПОПГМ: Зошто Владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства за покачување на пензиите во Буџетот за 2017. година?

Од:

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија преку писмено соопштение запраша зошто владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства за покачување на пензиите во основниот Буџет за 2017. година.

„ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на реални политики кои се во интерес на пензионерите и за да го прикрие стравот на својата врхушка од сосема извесниот пораз на претстојните локални избори, очајно и упорно се обидува, со манипулации, невистини и лажни иницијативи и предлози, повторно да ги прелаже пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ, која на пензионерите со години им го одзема законското право за усогласување на пензиите со порастот на трошоците за живот и растот на платите и која на поголемиот број од нив им кратеше од пензиите, сега нема никакво право да глуми заштитник на пензионерите.

Наместо лажни понуди на пензионерите, наменети за манипулирање со нивните гласови во пресрет на изборите, врхушката на ВМРО-ДПМНЕ нека објасни зошто и како настанаа огромните долгови на Фондот за ПИОМ, зошто наводните покачувања секогаш ги планираа за крај на тековна година или вкупно 650 денари, како и зошто Владата под нивно водство не предвидела средства за покачување на пензиите во основниот Буџет за 2017 година.

Пензионерите конечно имаат можност да видат дека новата Влада предводена од СДСМ, со домаќинско работење и кратење од непродуктивните трошења, како и со покачување на минималната плата на 12.000 денари, овозможува стабилизирање на приливите на средства во ФПИОМ, обезбедува долгорочна сигурност во исплатата на пензиите како и нивно редовно усогласување два пати во годината, со што во просек за цела 2017 година секој пензионер ќе добие по 2160 денари“ се вели во соопштението на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија.

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија