Покренати три дисциплински постапки за работата на инспектори

Од:

Инспекцискиот совет покренал три дисциплински постапки против инспектори на чие работење се жалеле граѓани или компании. Две од дисциплинските постапки се за инспектори од Пазарната инспекција и еден од областа на земјоделството.

– Има жалби и за други инспектори, но не секогаш постои основа за постапка. Интересно е што од почетокот на годината имаме зголемен број на жалби против инспектори од Трудовата инспекција, изјави денеска директорот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов.

Минатата година до Инспекцискиот совет пристигинале 115 претставки од кои од 17 до 20 се однесувале на работата на инспекторите.

Околу 30 отсто од претставките се однесувале и на работата на општинските инспектори пред се во областа на градежништвото и комуналните дејности, но како што напоменува Каргов, согласно законот, Инспекцискиот совет нема надлежност врз работата на овие инспекциски служби, но се обидува да најде начин со општините и со Државниот управен инспекторат да се решиме проблемите на граѓаните.

Тој напомена дека граѓаните може да се обраќаат до Инспекцискиот совет на секаков начин.

– Колку почесто се јавуват и колку повеќе се зголемува транспарентноста, толку повеќе ќе го зголемиме капацитетот за остварување на правата на граѓаните. Без разлика дали претставките се однесуваат за работата на инспекторите, ние ги земаме предвид и се обидуваме да ги решиме, обраќајки се до надлежните институции, подвлече Каргов.

Покрај ова, Каргов најави и воспоставување на стандарди за успешноста на инспекторите и спроведување на обуки. Првото оценување на инспекторите, како што посочи, ќе биде во април, а годишното ќе се спроведе следната година.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов

Сигурни градови, Маалски полицаец, Комунална полиција и Е-инспектори за ред и правда

Ана Ололовска