Покачување од 12,55 отсто на платите во јавниот сектор: Синдикатите и Владата блиску до договор

Од:

Инфлацијата од 14,5 отсто за 2022 година да биде основен параметар за зголемување на платите во јавниот сектор рече по седницата на економско-социјалниот совет во Владата, новиот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов.

– Веројатно нијанси се во прашање, но тие може да бидат големи. Тоа што охрабрува е што има поместување од страна на министерството за финансии во поглед на нашите забелешки. За ССМ е прифатлив е моделот од 2,5 години за да добиеме методологија како во делот за минимална плата со коефициент за сложеност.

Но, ние од ССМ сметаме доколку од септемри се случи примената на Општиот колективен договор, фунцкионерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив така и за работниците. Тоа што ние го предложивме, инфлацијата од 14,5 за 2022 година да биде основен параметар за зголемување на платите од најниска категорија на работно место до највиското, претседател.

Дискусијата одеше на тоа дали да се земе зголемувањето на минималната плата од 12,55% или да се земе зголемувањето на просечната плата од 10,9%. Во среда продолжуваме со состаноци во минисрерството за финансии и таму ќе разговараме за можно решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор – рече Трендафилов.

Од СОНК сметаат дека најмалку 12,55 покачување и исплата на К-15 до крајот на годинава ќе ги компензира зголемените трошоци на вработените поради инфлацијата од 2022 година.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра