Поголема туристичка промоција на Македонија во Кина

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со државите од Централна и Југоисточна Европа потпиша меморандум за подобра туристичка промоција со Народна Република Кина.

На конференцијата што се одржа во Будимпешта, од македонска страна меморандумот го потпиша директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски.

Тој, како што денеска соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, изразил подготвеност следната година Македонија да биде домаќин на ваква конференција со која ќе се овозможи обединување на туристичката понуда на земјите од Централна и Југоисточна Европа на кинескиот пазар.

Во насока на зајакнување на соработката во туризмот во ноември минатата година, Џамбазовски во Кина се сретна со Сао Кивеи од Националната туристичка администрација. Тогаш беше потврдена поддршката за македонското присуство на кинескиот туристички пазар, а веќе се изготвени и промотивни материјали на кинески јазик.

Туристичките аранжмани од кинеските туристи  за европските земји се повеќе се зголемува. Минатата година, 7,5 милиони кинески туристи ја посетиле Европа, а 2,5 милиони од нив престојувале во земјите од Централна и Југоисточна Европа. Се предвидува дека до 2018 година државите од Централна и Југоисточна Европа ќе бидат посетени од 3,7 милиони кинески туристи годишно.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ