Поевтинуваат горивата

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 36,661 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358 отсто, кај дизелот за 2,566, кај екстра лесното масло за 2,450 и кај мазутот за 0,645 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110 отсто.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

А1он

Криза со горивото на Крим: Бензин се точи само четири часа дневно

Горан Наумовски

Нови цени на горивата

(ВИДЕО) Недостиг на гориво низ Русија, во Москва станува сè потешко да се најде бензин

А1он

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Дизелот надмина 100 денари