Поевтинуваат горивата

Од:

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 77,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 72 денара за литар, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 71,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 43,501 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412, кај екстра лесното масло за 3,198 и кај мазутот за 1,854 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3912 отсто.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Поскапува дизелот

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Не се менуваат цените на горивата

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“