Поддршка од Халкбанка за мали и средни претпријатија

Од:

Поддршка за малите и средни претпријатија и за занаетчиите најави денеска првиот човек на Халкбанка во Македонија Билал Суџубаши.

Од нашето основање наваму, наша таргет група се малите и средни претпријатија (МСП) кои претставуваат камен-темелник на економијата. Но, Халкбанк А.Д. Скопје паралелно ги поддржува сите сектори на економијата и сите бизнис слоеви, рече на денешната прес-конференција Суџубаши потенцирајќи дека се воведени неколку нови производи Еснаф, Раат и Промо Плус преку кој ќе се поддржат нивни тековни потреби за основни средства и обртен капитал.

– Во 2018 година ќе продолжиме со поддршка на проектите на бизнис заедницата и преку кредитните линии од меѓународните финансиски институции. Како еден од поважните приоритети на Банката за 2018 година е и воведување на кредитни прозводи за поддршка на занаетчиите во Р. Македонија преку непосредна соработка со Занаетчиската Комора на Македонија, рече Суџубаши.

Банката во делот на малите и средните претпријатија во минатата година оствари пораст од 41,5 милиони евра или 21,6 проценти. Притоа, рече Суџубаши е задржано ниското ниво на лоши пласмани од 0,56 проценти.

Би можело да ве интересира

Унгарскиот заем најверојатно ќе биде достапен од февруари, бизнисот бара поддршката

Горан Наумовски

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна