Почнува собраниската расправа за Предлог – буџетот за 2020 година

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за Предлог – буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции. Буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3 отсто.

Според најавата од Собранието, државниот Предлог – буџет за 2020 година во второ читање е единствена точка на дневен ред и на Законодавно-правна комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови