Почна состанок за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа

Од:

Министерскиот состанок посветен на прашањата за енергетска стабилност во Централна и Југоисточна Европа почна денеска во Будимпешта.

Министрите од пет земји, Македонија, Унгарија, Србија, Грција и Турција прво во унгарскиот Парламент ги поздрави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави Танјуг, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека состанокот е можност за размена на мислења за тоа дали овие пет земји се подготвени за реализација на проектот „Турски поток“, нова траса за снабдување со гас во следниот период.

По стопирањето на проектот „Јужен поток“, Русија најави изградба на гасовод, кој под Црното Море би дошол до Турција, а потоа би се упатил кон грчко-турската граница, од каде би можел да продолжи преку Грција, Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна