Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Од:

Сите земјоделци кои од 26 декември 2020 година до 25 декември годинава произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска до 25 декември ќе може да аплицираат за добивање субвенции преку мерките 1.6 и 1.8.

Право на користење на овие дополнителни директни плаќања имаат сите што оствариле производство на градинарски или овошни култури и ги предалео во регистрирани преработувачки капацитети. Висината на поддршката е три денари по килограм произведен и предаден зеленчук или овошје за преработка

Аплицирањето е електронски,со најава на веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во полето „директни плаќања, е – барање“.

Според Агенцијата, сите баратели во прилог на барањата, потребно е да достават и потврди издадени од регистрираниот преработувачки капацитет во кои јасно ќе бидат наведени предадените количини.

-Системот е веќе во функција и може да се аплицира. Краен рок за поднесување на барањата е 25 декември 2021година. Сите земјоделци кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, за помош може да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ. Сите баратели при поднесување на апликациите треба да внимаваат на точноста на наведените податоци во апликацијата. Доколку барателот увиди дека при поднесување на барањето направил некаква грешка, може да го повлече и во рок од 30 дена да направи корекција, вели директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Потребната документација може да се симне од веб страницата на АФПЗРР, во делот директни плаќања, и обрасци. 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи