Почна аплицирањето за субвенции за предадени градинарски и овошни култури

Од:

Земјоделците кои оваа година произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за добивање субвенции.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, вели дека до 25 декември земјоделците кои произвеле зелка и од 5-ти април до 5 мај ја предале на преработувачки капацитет, ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од три денари по килограм.

-Аплицирањето се врши електронски со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во полето „Директни плаќања-е барање“ се поднесува електронското барање и за подмерките 1.6, 1.8 и 1.19. Крајниот рок за поднесување на барањата за овие мерки е 25 декември 2020 година. Сите кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, може да се обратат во подрачните единици МЗШВ. Но, сите кои ќе побараат помош од вработените во подрачните единици треба да ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19, истакнува Бабовски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници