„Пју“: Милиони луѓе во светот излегле од сиромаштијата

Од:

Во првата деценија од овој век приближно 700 милиони луѓе се кренале над тоталната сиромаштија, но повеќето од нив остануваат врзани за ниското ниво на приходи, покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот Истражувачки центар „Пју“ (Pew Reasrch Center) објавени во средата.

Како што пренесува Танјуг, повикувајќи се на студијата, од 2001 до 2011 годиана во светот е забележено „историско намалување на глобалната сиромаштија“ со речиси двојно зголемување на оние со „средни примања“.

До 2011 година само 15 отсто од светското население живеело со помалку од два долара дневно-што е под границата на сиромаштијата, во однос на 29 отсто, колку што биле на почетокот на векот.

Од оние кои најмногу се искачиле, повеќето се од категоријата „ниски приходи“ и живеат со два до десет долари дневно.

Приближно 56 отсто од светското население останува на тоа ниво, во однос на 50 отсто колку што биле во 2001 година.

Бројот на оние со средни и високи средни приходи (меѓу 10 и 50 долари дневно) е зголемен од 14 на 22 отсто, што, како што наведува Танјуг, укажува дека напорите за формирање солидна „средна класа“ се движат многу бавно.

Според истражувањето, најмногу од оние кои ја надминале сиромаштијата живеат во Кина, Јужна Америка и источна Европа.

Во истиот период „едвај е проширена“ средната класа во Индија, југоисточна Азија и Среднај Америка.

Јазот меѓу стандардот на економски напредните земји и земјите во развој во првата деценија од векот е за малку намален, се наведува во студијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он