Пензионерите задоволни од зголемувањето на пензиите

Од:

Здружението на пензионери на општина Центар се задоволни од линераното зголемување на пензиите за 550 денари. Денеска изразија благодарност до Владата за реализираното ветување за покачување на пензиите.

– Во оваа економска криза кога во голем број држави во Европа се намалуваат или замрзнуваат пензиите, во Македонија благодарение на разбирањето што го имаме со Владата ниту една од овие мерки не се применети. Владата останува на ставот за повремено зголемување на пензиите, рече денеска на прес-конференција Крсте Ангеловски, претседател на Собранието на Здружението на пензионери на Центар.

Според пензионерите, зголемувањето на нивните приходи значи многу, имајќи предвид дека со пензиите понекогаш се издржуваат цели семејства.

– Според податоците од Сојузот на пензионерите околу милион лица се издржуваат од пензиите без разлика дали се работи за нивни деца или внуци така што секој денар во буџетот е добредојден. Затоа и благодариме на Владата затоа што и во услови на глобална криза најде начин да ги зголеми пензиите, велат од Здружението на пензионери на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии