Пензионерите предлагаат комбиниран начин на усогласување на пензиите

Од:

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија смета дека во формулата за пресметување на процентот за усогласување на пензиите, покрај порастот на индексот на трошоците на животот, треба да се земе предвид и дел од растот на платите, заради одржување на реална вредност на пензиите.

– Ваквото системско решение ќе овозможи избалансираност на овие два параметри и на тој начин секогаш ќе има соодветно усогласување на пензиите. Доколку се зема само еден параметар и тоа само порастот на трошоците на животот, а платите растат повеќе, тогаш ќе бидат фаворизирани вработените, а пензиите ќе заостануваат. Со цел да не се случува тоа, се предлага комбиниран начин на усогласување на пензиите како системско решение со дел од порастот на платите и дел од трошоците на животот, изјави Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, во врска со усогласување на пензиите.

Таа посочи дека кон вондредното усогласување на пензиите би требало да се пристапи внимателно, со цел да не се нарушат соодносите на пензиските примања и додаде дека една од основните цели на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија е редовна исплата на пензиите и нивно тековно усогласување.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии