Пензионерите бараат да се деблокира Собранието и да се донесе буџетот

Од:

Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје денеска упати апел да се деблокира работата на Собранието на Република Македонија, посебно на Комисијата за финансирање и буџет. Доколку не се донесе буџетот за следната година, пензионерите сметаат дека пензиите не можат да се зголемат или не можат да се исплатат.

– Ние сме заинтересирани буџетот да се донесе до 31 декември за да може она што е најавено и за кое имаме право да се оствари – усогласувањето на пензиите со трошоците на живот и со растот на платите, да може да се зголеми за околу 2 отсто и за 5 отсто да се зголемат пензиите од први март, изјави Крсте Ангеловски, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје.

Според пензионерите, опозицијата во овој случај се јавува како одолговлекувач во донесувањето на буџетот.

– Сметаме дека кочењето на работата на оваа собраниска Комисија или одолговлекувањето на донесувањето на буџетот ќе се одрази пред се на нашиот стандард, односно на нашите права што ги имаме стекнати во текот на нашето 40-годишно работење, истакна Ангеловски.

Тој потсети на одговорноста што ја имаат сите пратеници посебно, како што рече, на оние кои настојуваат да не се донесе буџетот и се закануваат оти нема да гласаат за него.

– Сметаме дека тоа влијае пред се на нашиот стандард и на нашите права што ги имаме и затоа апелираме и став на пензионерите од Скопје и од цела Македонија е да се прекине со таа блокада за буџетот да може да се донесе, потенцира Ангеловски.

Пензионерската организација на Град Скопје ја сочинуваат 12 здруженија на пензионери и со тоа се покрива цел Скопски плански регион или 17 општини.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски