Пчеларски симпозиум во Скопје – најава за нов проект во македонското пчеларство

Од:

Пчеларската федерација на Македонија (ПФМ), Здружението за социјално претприемништво и одржлив развој АПИСЕЕД – Скопје и Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ денеска организираат Пчеларски симпозиум на тема „Употребата на пчеларството и агрошумарството како ресурси за одржлив развој“.

Пчеларскиот симпозиум, како што информираат организаторите, е основа за почеток на обемен проект во кој покрај пчеларите, пчелите и нивните продукти, ќе бидат земени предвид и социо-економските структури, природата, екосистемот, како и добивањето квалитетни финални производи за крајните потрошувачи.

На симпозиумот ќе учествуваат меѓународни експерти од областа на пчеларството, здравјето на пчелите и медицината базирана на пчели (апикултура).

Ќе бидат одржани две предавања, првото на тема „Процесот на стандардизација и комерцијализација на пчелните производи” од Роч Домерего, редовен професор на Факултетот за медицина „Каликсто Гарсија“ во Хавана, Куба, и второто „Пчеларството и агрошумарството како потпора на локалниот економски развој” од Тибо Лемуан, проектен менаџер.

На Пчеларскиот симпозиум се поканети сите пчелари од земјава и организации заинтересирани за областа. Генерални покровители се Француската амбасада во Скопје и Министерството за земјоделство.

Би можело да ве интересира

Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбито во бегство

18 белоглави мршојадци за малку спасени од труење, расфрлан отров кај Мариово можеше да доведе до нивно истребување

Искра Манојлоска

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска