Пазарниот инспекторат со полиција и УЈП ќе проверува дали пазарџиите ги замрзнале цените

Од:

Државниот пазарен инспекторат ќе спроведува координирани контроли на тезгите на зелените пазари и во продавниците за овошје и зеленчук заедно со Министерството за внатрешни работи и со Управата за јавни приходи.

По најновата одлука на Владата за замрзнување на овошјето и зеленчукот, ДПИ ќе проверува на терен да ли се навистина замрзнати цените, но нема конкретен одговор како ќе ги казнуа оние препродавачи на пазарите кои немаат регистрирана дејност.

– ДПИ по донесување на најновата одлука за замрзнување на овошјето и зеленчукот ќе настапи координирано со МВР и УЈП, со сите други институции кои се надлежни – рече Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Министерот Крешник Бектеши е убеден дека трговците ќе ја почитуваат мерката затоа што важи само 25 дена или до почетокот на пласирањето на домашните производи.

– Инспекторатите се независни и даваат извештаи на Владата и затоа сме ги задолжиле сите инспекциски служби во земјава да направат контроли согласно нивната надлежност. Ги повикавме и комисијата за заштита на конкуренцијата затоа што знаеме дека има одредени производители и увозници кои покриваат 70-80 отсто на пазарот на одреден производ.

Убеден сум дека нашите трговци ќе ја почитуваат мерката затоа што важи 25 дена. Моментално сме увозно зависни и немаме домашно производство и мора да ги ограничиме маржите – додаде Бектеши.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

Се предлага трговците да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници

Што растеше побрзо – платите или цените?

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет

Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Горан Наумовски