Паолучи: Одговорот на кризата на властите навремено и се уште потребен, мерките насочени кон ранливите

Од:

Одговорот на Владата за справување со кризата во земјава беше навремен. Одговор имаше и се уште има, но јасно е дека треба да продолжи, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Масимилиано Паолучи.

– Во Северна Македонија, како и во секоја земја има влијание од пандемијата врз економијата и тоа влијание зависи од капацитетот на земјата. Најраните и најјаките мерки ќе го намалат влијанието особено врз ранливите. Властите имаат воспоставено одговори и тоа навремен одговор во ресурси. Некогаш има одложување, бидејќи имавме избори, кои, исто така, имаа одредено влијание врз континуитетот и во брзината на доставување, но имаше одговор и се уште има и јасно е дека одговорот треба да продолжи и да се одговори како да се воспостават економските позиции на одржлив начин, изјави на заедничката прес-конференција Паолучи со министерот за економоја Крешник Бектеши и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Тој порача дека мерките во овој момент треба да бидат целни и особено да се земат предвид ранливите категории.

Потенцира дека треба да се продолжи со политиките во кои на прво место ќе биде ставено здравјето, бидејќи ако не се обрне внимание на здравјето ќе има зголемување на влијанието на економскиот аспект на пандемијата, тоа се интервенциите од Владата кои се потребни во овој момент и дека треба да се фокусираме на реформи кои се клучни за да се обнови, одржи и зголеми растот.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов