Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ „Единствени кои носат инвестиции и отворат работни места“

Од:

„Единствени кои носат инвестиции и отвораат работни места“ е насловена првата од низата панел дискусии што од денеска ги организира ВМРО-ДПМНЕ, по повод 27-от роденден.

Според Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Македонија, од држава која никој не ја знаел, ВМРО-ДПМНЕ ја направиле една од најатрактивните за инвестиции. Условите за странските инвестици кога ВМРО-ДПМНЕ дошле на власт биле многу поразлични, од оние кои се сега достапни.

Денес, укажа Мизо, има голем број технолошко-индустриски развојни зони со функционални компании со креирани 9.000 работни места, кои очекуваме до крајот на годинава да бидат над 10.000.

– Само во мај имавме рекордна вредност на извоз од зоните, која достигна 190 милиони евра месечно и ако го гледаме трендот од првите пет месеци од годината каде што споредено со 2016, имаме зголемување од над 15 проценти. Имаме индикации дека ако продолжиме со исто темпо, врз основа на побарувачката на европскиот пазар, но и зголемувањето на обемот на работа на компаниите кои започнуваат со работа или се доекипираат, има можност да стигнеме до извозна бројка во износ од две милијарди евра само во зоните. Овие средства воопшто не постоеја пред 10 години, рече Мизо.

Неговиот сопартиец Христијан Мицковски оцени дека најавената даночна политика од новата Влада за воведување скалест данок со одданочување од 10 и 18 проценти нема да донесе бенефит за никого. Ќе биде различна, посочи, од рамниот данок што го воведе ВМРО-ДПМНЕ, а што е призната од сите релевантни меѓународни институции.

– Аплицирање на една ваква мерка не гледам каде и кому може да донесе бенефит, бидејќи во најголема мера сите оние граѓани кои плаќале досега данок на приход од 10 проценти, ќе продолжат да го плаќаат, а сите оние граѓани кои имаат приход на 1.000 евра ќе продолжат натаму да плаќаат данок кој што ќе биде 18 проценти. Ако тоа го претвориме во апсолутни бројки станува збор за данок поголем за 80 проценти, рече Мицковски.

Оваа мерка, негативно ќе влијае на професии со високи вештини, поплатените професии, бизнис заедницата. Сето тоа би било можеби оправдано, кога вишокот пари собрано во буџетот со аплицирање на оваа мерка, би значело олеснување на некои други ранливи категории, но според досегашните политики на владата тоа не го гледаме, наведе Мицковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Со пораз од 1:3, СДС го има најслабиот резултат во историјата

Мицкоски: Добрососедските односи се двонасочна улица, ќе водиме принципиелна политика со аргументи и факти

Орце Костов

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада