Пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно

Од:

Пандемијата на Ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на информациите од Меѓународниот монетарен фонд.

– ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно и предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари“, рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува Си Ен Ен.

Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата.

– Само Г20 мобилизираше повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажи ефектите на пандемијата, рече Тедрос.

– Тоа е веќе три и пол пати повеќе откако што потроши светот за целиот одговор на глобалната финансиска криза, рече тој.

Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски стимул во кој светот може да инвестира.

– Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавки потребни за сите алатки неопходни за да се стави крај на пандемијата, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка