Пакетите со три услуги на „БЛИЗУ“ со 50% попуст

Од:

Телекомуникацискиот оператор „Близу“, од март 2013 година дополнително го зголеми изборот на пакети коишто се на попуст при онлајн нарачка. Имено, отсега сите пакети со три услуги (дигитална телевизија, интернет и фиксна телефонија) се достапни за онлајн нарачка, со која сите нови корисници во првите 4 месеци добиваат 50% попуст.

50_off

Оваа понуда, која досега важеше само за интернет пакетите, отсега е активна и за сите пакети со три услуги – Старт, Смарт, Екстра и Премиум.

Процедурата за нарачка е едноставна – на веб страната на „Близу“ – www.blizoo.mk, под избраниот пакет се наоѓа линк којшто води кон апликацијата за онлајн нарачка.

Покрај новостите за попустите, од операторот изјавија дека аналогната телевизија за втор и трет тв приемник останува бесплатна за сите корисници.

„Овие придобивки се само дoполнување на онлајн подароците коишто ги воведовме изминатиот период“ – изјавуваат од Операторот.

Во моментов „Близу“ е оператор кој на своите корисници им нуди: дигитална телевизија со 120 канали и 8 ХД канали, најбогат пакет на албански канали, неограничен интернет со брзина до 50 Mbps, фиксна телефонија со вклучени бесплатни 600 минути месечно кон сите фиксни оператори и неограничени разговори во мрежата на „Близу“. Корисниците се опслужуваат 365 дена во годината.

Би можело да ве интересира

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска

Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Сандра Бошковска