Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките

Од:

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките, информираше попладнево Стојан Николов, градоначалник на Росоман.

– Во првата половина на месец април оваа година, се случи временска непогода. Температурите се спуштија до минус осум степени. Тоа беше причина за мрзнење и оштетување на овошните дрвца во овошните насади на територија на општината Росоман. Беа оштетени 729 овоштари. Беше измрзнат 90 проценти од овошниот насад, штетата беше 452.702.697 денари, појасни Николов.

Тој се заблагодари на Владата и претседателот Зоран Заев, како и на комисиите кои работеа на проценка на штетите. На земјоделците им порача дека ја имаат неговата поддршка како градоначалник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

A1on

Николов: Владата обезбеди пари за обесштетување на овоштари од Росоман за претрпени штети од мраз