Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ денеска организираат Отворен ден под мотото „Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“.
Целта на овој промотивен настан е промоција на употребата на сончеви колектори во домаќинствата и искористување на сончевиот потенцијал на нашата земја, како обновлив извор на енергија, како и информирање и промовирање на поволностите од употребата на термалните сончеви колектори.
Предвидено е на настанот неколку македонски производители на сончеви колектори да ги претстават своите производи, со што на граѓаните ќе им се овозможи да добијат бесплатни совети за тоа како работат сончевите колектори, за заштедата на енергија што се постигнува со нив и како максимално да се искористи македонското сонце.
На настанот, што ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија ќе присуствува министерот за економија Ваљон Сарачини