Дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе биде отворена денеска во зградата на општина Старо Нагоричане.
Со отворањето на канцеларијата, информираат од Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе им биде олеснет пристапот на невработените лица и работодавачите од општината и ќе им се овозможи олеснето користење на услугите од АВРМ.